📜 Сети се. Сподели спомен.

Многу приказни од Мокрино живеат само во главите на оние што ги памтат. Една реченица од тебе — за учителот, за другарот, за свадбата на дедо ти — може да го врати тоа сеќавање назад во заедничкото памтење.

Избери прашање што ти буди спомен

📚

Кој беше твојот прв учител во селото?

Како се викаше? Како беше — строг, добар, шеговит? Имал ли омилена реченица што секогаш ја кажуваше?

✏️

Со кого седеше во клупа?

Кој беше твојот другар/другарка? Кои лудории правевте заедно?

🏫

Каде беше училиштето кога беше дете?

Каков беше училишниот двор? Како се одеше до училиште — пеш, со коњ, со автобус?

📐

Памтиш ли некоја казна или награда од училиште?

Кој беше казнет или пофален? За што? Како се изведуваа казните во тие години?

Како се играа децата кога немаше телевизор и телефони?

Какви игри играа во селото? Со што? Каде беше „местото за игра"?

🧒

Кој беше твојот најдобар другар во детството?

Кој беше? Што правевте заедно? Каде се видувавте?

😄

Кој беше најголемиот шегаџија во селото?

Која беше неговата најпозната шала? Што е она што го памти селото за него?

🌳

Имаше ли скришно место каде се криевте?

Каде беше? Кои го знаеа? Какви тајни се чуваа таму?

💒

Кои биле познати свадби во селото?

Кои се венчале? Колку траела? Има ли некоја интересна приказна од тие свадби?

🎉

Како се славеа празниците — Велигден, Божиќ, селскиот собор?

Каде се собираше селото? Кои јадења се правеа? Кој пееше, кој свиреше?

🪕

Кој беше најдобриот раскажувач во селото?

Каде расакжуваше — кај чешмата, во кафана, на работа? Која беше неговата најпозната приказна?

⛈️

Има ли настан што го памти цело село?

Поплава, пожар, војна, чудна година? Како го преживеа селото?

🧳

Кој замина да печали во странство?

Каде отиде? Кога? Како беше тоа време — со писма, без телефони?

🚂

Како беше кога печалбарите се враќаа во селото?

Што донесуваа? Како се пречекуваа? Која е приказна што се памти?

👤

Опиши некој од селото што го памтиш

Како беше — на изглед, по карактер? Со што се занимаваше? Која беше неговата слабост или дар?

🔨

Кој беше познат мајстор — ѕидар, кројач, дрводелец, ковач?

Кој? За што беше познат? Сè уште ли стои нешто што го изработил?

🎶

Кој пееше најубаво во селото?

Која беше неговата омилена песна? Каде се пееше — на свадби, на жетва, на седенки?

🕊️

Што памтиш од војната или времето после неа?

Какво беше селото? Кои се вратија, кои не? Како се живееше?

📺

Кога дојде првиот телевизор/радио во селото?

Кој го имаше прв? Како се собираа луѓето да гледаат/слушаат?

💡

Памтиш ли кога дојде струјата или асфалтот?

Како беше пред тоа? Како се промени селото после?

Или почни без прашање — сподели слободно.