🔒 Приватност и лични податоци

Кој е одговорен?

Архивата „Мокрино – Предци и потомци“ е доброволен, некомерцијален проект на потомци на селото Мокрино. Одговорно лице за податоците е администраторот на сајтот, достапен преку страницата за контакт.

Кои податоци се чуваат?

Зошто?

Заради зачувување на семејната и селската историја (легитимен интерес на заедницата) и, за членовите, заради функционирање на сметката. Податоците никогаш не се продаваат ниту се предаваат на трети лица. Сајтот не е индексиран од пребарувачите.

Што гледаат посетителите без најава?

Само одобрени записи и во намален облик: име, сој, година на раѓање и семејни врски. Биографии, точни датуми, места и адреси се видливи само за најавени и одобрени членови.

Твоите права

Секое лице (или блиску роднина, за малолетно или починато лице) може да побара да ги види, исправи, скрие или избрише податоците што се однесуваат на него, како и да ја повлече согласноста за фотографија или снимка. Барањето се испраќа преку контакт; одговараме најдоцна во рок од 30 дена. Скривањето од дрвото е реверзибилно; бришењето е трајно.

Живи лица и малолетници

За живи лица препорачуваме објавување само со нивна согласност. Малолетни лица не се објавуваат без согласност на родител — на барање, ги скриваме веднаш.

Последна измена: 13.09.2026.